Данската ТВ 2 објави сторија за можен наместен натпревар од Лигата на Европа во кои актери беа швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и ГОГ Гудме, два ривали од групата на Еурофарм Пелистер.
Кадетен го доби мечот со 29-28 со погоден пенал во последната секунда од Габор Часар, но овој дуел може да има и трето полувреме. Повеќе светски обложувалници го блокираа овој натпревар во своите понуди на неколку часа пред стартот.
„Забележавме невообичаени облози на овој дуел и моравме да го блокираме“, велат од една данска обложувалница за ТВ 2.
Тие го пријавиле натпреварот меѓу Кадетен и ГОГ во Мониторинг системот на светската лотарија, која ќе ја продолжи истрагата. На неколку дена пред меч коефициентот за победа на Кадетен беше 2.00, а на денот натреварот падна на 1.35, што исто така е сомнително.
Судиската двојка од Косово, Арсим и Ердоан Витаку, исто така е во центарот на вниманието на данските медиуми.