Еурофарм Пелистер и Вардар и оваа сезона се двата клуба кои ќе го имаат главниот збор во трката по титулите во домашното првенство и Куп.
Со оваа констатација се сложува и капитенот на битолчани, и најавува дека тој и неговите соиграчи ќе се погрижат да му ја земат титулата на Вардар.
„Еурофарм Пелистер се труди секој меч, без разлика дали играме дома или во Европа да сме најдобро подготвени. Го респектираме секој противник и имаме добар старт во домашното првенство. Загубивме единствено на тешкото гостување во Скопје кај Вардар. Без да ги потценам другите екипи, мислам дека ние и Вардар сме главни фаворити за титулата. Амбициите на клубот се јасни – сакаме по 16 години да донесеме титула во Битола и да ги направиме среќни и нашите навивачи, но и за нас самите. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да му ги замрсиме сметките на Вардар и конечно да бидеме прваци на Македонија.“
Целото интервју со Периќ прочитајте го во продолжение….
ИНТЕРВЈУ ЈОСИП ПЕРИЌ: Еурофарм Пелистер расте во европски клуб – а нашата цел е титула!