Босанскиот репрезентативен голман Бенјамин Буриќ потпиша нов договор со бундеслигашот Фленсбург и ќе остане во овој клуб најмалку до 2028 година.
Иако имаше информации дека е посакуван најмалку од два моќни клубови, сепак реши да ја прифати понудата од Фленсбург.
Тој ја почна кариерата во Извиѓач, играше за Борац Бања Лука, словенечкиот Горење Велење и Вецлар, пред во 2018 да се пресели во Фленсбург.
Ако го одработи долгиот договор до самиот крај, Буриќ ќе комплетира десет сезони во некогашниот европски првак.