Полскиот репрезентативец и ракометар на македонскиот првак Вардар, Патрик Валчак, по вторпат стана татко.
Неговата сопруга Анита на свет донесе девојче, а името допрва ќе биде избрано. Кружниот напаѓач има уште една ќерка.
Оваа радосна вест доаѓа како утеха за поразот од Кил во Лигата на шампионите и сигурно ќе подобри расположението кај вардарци.
Валчак од минатото лето е член на „црвено-црниот“ тим и ја одработува втората година од договорот.