Овие неколку дена по ред, многу од македонските ракометари решија да му стават крај на ергенскиот живот.
По Крсте Андоновски, Мартин Манасков, Бојан Маџовски, на редот дојде и левото крило Гоце Ојлески од Еурофарм Пелистер.
Тој реши да започне нова животна етапа и ја побара за сопруга долгодишната девојка Елена Стојчева, која одговори потврдно.
Стружанецот претходно потпиша нов договор со битолскиот клуб, а наскоро ќе потпише уште еден, најважниот животен договор.