Ќе има мекици во Вардар: Филип Талески вторпат стана татко!

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и ракометар на Вардар, по вторпат во животот стана татко и доби ќерка.

Само еден ден по натпреварот против Вардар Неготино од Суперлигата, на кој Талески настапи, ја доби веста за приновата во неговото семејство.

Левиот бек и неговата сопруга Ена од пред неколку години се родители и на Софија, која секогаш е меѓу најверните фанови на Вардар и Македонија.

Меѓу првите честитки на социјалните мрежи за приновата на Талески, беше онаа на Нина Ристовска, сопруга на голманот Борко Ристовски, кој игра заедно со крушевчанецот во Вардар.