Ќе играат три натпревари во ЛШ за само седум дена!

Хрватскиот шампион Загреб, кој се уште има шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, ќе одигра три натпревари за само седум дена во најквалитетното европско натпреварување.

Како што е веќе познато, натпреварот меѓу Загреб и Порто во рамки од 12. коло од Лигата на шампионите, кој требаше да се одигра претходната недела, е закажан за 26 февруари.

Причината за одложувањето на овој дуел беше откако ракометарите на Загреб заглавија на аеродромот во Франкфурт од каде што требаше да летаат за Порто

Поради техничките проблеми на аеродромот во Франкфурт, откажани беа голем број на летови.

Загреб денес пред својата публика ќе го пречека залетаниот Магдебург, додека на 1 март ќе гостува во Данска кај ГОГ, па така избраниците на Славко Голужа ќе имаат пеколен распоред во една недела.