Претпоследниот учесник на Мундијалот во Египет ќе биде селекцијата на САД, која ќе биде претставник на федерацијата на Северна Америка и Кариби. Уште од лани ИХФ реши да им даде вајлд-карти на САД за СП 2025 и 2027, а нема сомнеж дека ќе биде така и за СП 2023.
Светската куќа на ракометот инсистира на популаризација на овој спорт во САД, посакува освојување на голем ТВ пазар, но се чини дека тешко оди во остварувањето на тие намери.
САД вложува во ракометот, но сето тоа е недоволно за да се направи некаков исчекор. Селектор на репрезентацијата е Швеѓанецот Роберт Хедин, а ракометната федерација објави оглас за пријавување на потенцијални репрезентативци до 14 ноември.
Хедин веројатно ќе ги има дел од интернационалците од САД што играат во Европа на располагање за СП, но ќе мора да го пополни зголемениот ростер од 35 играчи, па со оглед на тоа дека нема ракометна лига во САД, единствениот начин е вака преку оглас.
И додека селекции како Македонија најверојатно ќе мора да го гледаат Мундијалот на ТВ, репрезентација како САД ќе игра во Египет.