Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ги дозна противниците за групната фаза во Лигата на Европа, а според распоредот на стартот од натпреварувањето прво треба да се игра против составот на Татабања.
Тимот од Унгарија треба да гостува во Битола на 20 октомври, но поради случувањата во Унгарија особено во клубовите каде има голем број на зарзени ракометари прашање е дали ќе може да се игра натпреварот.
Познато е дека во екипата на Татабња има неколку позитивни ракометари н коронавирус. ПОради тоа веќе се одложени три натпревари од првенството на Унгарија против Пик Сегед, Веспрем и Чурго.
Составот кој е предводен од Владан Матиќ ќе биде во неизесност бидејќи не е познато дали ќе може да се има состав за играње и после две недели бидејќи ракометарите нема да бидат достапни уште некое време.
„Во моментов за нас првиот натпревар од Лигата на Европа е под знак прашалник бидејќи ни недостигаат неколку ракометари. Повеќето од нив се заразени со ковид 19. Според сегашниот протокол, нашите вирусни ракометари нема да имаат можност за настап на спортски натпревари во следните четири недели“, вели директорот на Татабања, Ласло Мароси.
Дали ова значи најава за барање од ЕХФ за одлагање на средбата или тоа би можело да значи победа без борба за тимот на Еурофарм Пелистер е рано да се каже. Сепак, јасно е дека ќе има проблеми за организација на оваа средба поради гостите.