На нешто помалку од четири часа до почетокот на натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг нема повеќе влезници така што денеска трибините во „Боро Чурлевски“ ќе бидат полни и ова е најава за одлична атмосфера.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат голема поддршка така што сите предуслови за одличен натпревар се исполнети и се очекува денеска да биде одигран одличен натпревар.
Ова е последен натпревар за оваа календарска година во Лигата на Европа во Битола така што ќе грими од трибините и ќе биде максимално возбудливо.