Ќе го сонува како кошмар: Застана да изведе пенал, топката му се лизна од раце, па… (ВИДЕО)

Ракометарот на Заглебие Лубин, Роман Чичикало е малер на годината бидејќи она што му се случи на средбата против Хробри Глогов дефинитивно долго ќе му доаѓа во најтешките кошмари.

Натпреварот заврши со резултат 31:31, но во Полска при ваков епилог се изведуваат удари од седум метри. Затоа, мораше победникот да биде одлучен со седмерци.

При 2:3, Чичикало застана да изведе удар за израмнување, но беше голем малер бидејќи кога судијата даде знак за шут топката му се лизна од рака и тоа веќе беше пропуштена шанса.

Заглебие Лубин загуби со вкупни 33:35, а Чиликало е малерот на овој натпревар бидејќи неговиот шут уште долго ќе се памети, додека видеото ќе се врти по социјалните мрежи.