Пред стартот на мечот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, домашните навивачи Комити ја загреаја атмосферата со дружба пред СЦ „Јане Сандански“.
Сепак во Скопје и битолскиот тим ќе има свои поддржувачи, па ќе биде интересно покрај борбата на терен да се среди и борбата на трибини.
Натпревар меѓу шампионот и вицешампионот ќе стартува од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.