Двете словенечки легенди, Урош Зорман и Лука Жвижеј, и официјално ќе се збогуваат со кариерата, иако од поодамна Зорман не е на теренот како играч, а Жвижеј играше до јуни.
Во тимот на Зорман има многу познати имиња за македонската јавност, меѓу кои се ракометарот на Вардар – Иван Чупиќ, како и поранешните членови на „црвено-црното“ семејство – Давид Дејвис, Арпад Штербик и Урош Брегар. Ќе настапат и Вујин, Штрлек, Агинагалде, Душебаев, Илиќ, Дувњак…
Во тимот на Жвижеј ќе настапи австрискиот селектор Алеш Пајовиќ, легендарните Балиќ, Рутенка, некогашниот ракометар на Металург – Ренато Вугринец, потоа Игор Вори, Ласло Наѓ…
Ревијалниот натпревар на кој ќе продефилираат многу ракометни ѕвезди, некогашни и сегашни, се игра на 24 октомври во „Златорог Арена“ во Целје со почеток во 19:15 часот.