Ќе биде жешко: Вардар против Веспрем ќе се бори за четвртфинале!

Откако Европската ракометна федерација донесе одлука за службени победи на екипите што требаше да играат против руските и белоруските тимови, познати се дел од двојките за осминафинале во Лигата на шампионите.

Вардар без разлика на исходот од мечот од последното коло против норвешкиот Елверум, ќе заврши на петтото место во групата А.

Тоа значи дека во елиминациите, односно во осминафиналето од елитното натпреварување, македонскиот првак ќе се соочи со Веспрем, кој сигурно ќе заврши на четвртотот место во групата Б, на коло пред крајот.

Ова ќе биде соочување на тренерот на Вардар, Давид Дејвис, со некогашниот негов тим Веспрем. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 30 или 31 март, додека реваншот е во Веспрем на 6 или 7 април.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123
ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107