Поранешниот тренер на Вардар и стратег од Србија кој својата тренерска кариера ја почна во Португалија, Љубомир Обрадовиќ, одново се враќа во оваа земја и има нов клуб со кој веќе потпиша договор на две сезони.
Обрдовиќ се договори со тимот на Аванка, кој во него гледа добра можност за напредување и за некоја позиција повисоко на табелата.
Тренерските квалитети на Обрадовиќ им се одлично познати на Португалците бидејќи Обрадовиќ од 2009 до 2015 година освои осум титули со тимот на Порто. Победи шестпати во првенството и двапати во Супер купот на Португалија.
Има голем број на трофеи зад себе така што има со што да се пофали како стратег особено во Португалија. Неговиот прв клуб во кариерата беше Беленсенсес, а со Мадеира освои Куп на Португалија.
На клупата на Вардар, Обрадовиќ беше во сезоната 2000/2001 откако како селектор на младинската репрезентација на тогашна СР Југославија стигна до златниот медал на ЕП во Атина. Последната тренерска задача ја имаше во Наиса од Ниш, а од 2017 година до пред некој месец беше и селектор на женската репрезентација на Србија.