Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Љубомир Врањеш во претходниот период беше во потрага по нов помошник во стручниот штаб.
Словенечкиот портал „Рокомет“, потврди дека негов нов помошник во репрезентацијата ќе биде Грегор Цвијиќ. Се работи за поранешен репрезентативец на Словенија кој со словенечката репрезентација беше дел и од Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Цвијиќ доаѓа на местото на Урош Зорман.
Пред пет месеци, Цвијиќ ја презеде суперлигашката екипа, Рико Рибница. Зад себе има богато искуство како тренер на голем број домашни клубови, но и клубови од регионот.
Селекцијата на Словенија по неуспешниот обид да се пласира на Олимписките игри во Токио, фокусот ќе го насочи кон преостанатите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка кое ќе се одржи на почетокот на наредната година.