Михајло Младеновиќ, Стефан Додиќ, Ива Божиноска и Пена Граматова, заедно го минуваат летниот одмор на шпанскиот остров Мајорка.
„Децата на Металург“ Младеновиќ и Додиќ, се во врска со македонските репрезентативки Божиноска и Граматова.
Младеновиќ во моментов е член на Алкалоид, во меѓувреме стана и македонски репрезентативец, долго играше за Металург, а беше член и на Охрид. Додиќ, кој афирмацијата ја стекна во Металург, играше за Охрид, Вардар и Загреб, а во новата сезона ќе ги брани боите на словенечкиот првак Целје.
Неговата девојка Граматова ќе му се придружи во Словенија и ќе игра за женскиот тим на Целје, а претходно играше за Металург, Куманово и Леов Бартек. Девојката на Младеновиќ, Божиноска, по настапите за Металург, минатата сезона ја мина во шампионот Ѓорче Петров.
Заедничко за сите четворица е тоа што најголемиот дел од кариерата го поминаа во Автокоманда.