Двојките за следната рунда од Европскиот куп во женска конкуренција се веќе познати, а тимот кој го елиминираше Вардар, Јури Унирек го доби составот на Малага.
Во осминафиналето доминираат тимовите од Шпанија така што овие состави влагаат доста амбициозно и сезонава во натпреварувањето. Холандија има две екипи, а со две е и Србија така што ќе биде интересно на дуелите во новата година.
Првите натпревари од осминафиналето ќе бидат одиграни на 8 и 9 јануари.
ЕВРОПСКИ КУП (ЖЕНИ) – 1/8 ФИНАЛЕ
ДУНАЈСКА СТРЕДА (Словачка) – КРИСТИЈАНШТАД (Шведска)
ИЗМИР (Турција) – РОКАСА (Шпанија)
ЈУРО УНИРЕК (Холандија) – МАЛАГА (Шпанија)
МАКАБИ АРГ (Израел) – ЕЛЧЕ (Шпанија)
ВЕНЛО (Холандија) – БЕКАМЕНТ (Србија)
НАИСА (Србија) – Х71 (Фарски острови)
СОКОЛ ПИШЕК (Чешка) – ИБВ ВЕСТМАНАЕЈАР (Исланд)
БРИКСЕН (Италија) – ГАЛИЧАНКА ЛВОВ (Украина)