Ракометарите на КЛ 7 остануваат без плеј-оф откако забележаа втор пораз во серија, па после загубениот дуел од Струга денеска претрпеа пораз и на гостувањето кај Јуниор Кисела вода. Домаќинот на оваа средба се избори за победа од 35:25 со што сега станува интересно.
Овој натпревар се очекуваше да биде многу поинтересен, но работите беа одлични за Јуниор Кисела вода. Откако дваесетина минути натпреварот беше возбудлив дојде до далеку подобар тек за домашните. Јуниор тргна решително и во финишот од првите 30 минути стигна до голема предност.
После 9:8 се стигна и до плус осум, а Јуниор Кисела вода имаше 16:8. Сепак, гостите намалија па на одмор беше 16:10.
Второто полувреме донесе уште подобра игра од домашниот состав. Ракометарите на Јуниор Кисела вода влегоа во вторите 30 минути уште посилно и почнаа да ја зголемуваат предноста која до крајот од натпреварот стана и двоцифрена.
Гостите кои беа без првиот голман Петковски не успеваа да парираат и многу лесно отидоа во двоцифрена негатива. Тоа овозможи да се дојде до изненадувачки резултат кој на крајот беше изразен со огромна предност за домашниот тим. Јуниор Кисела вода доминираше и дојде до три бода победувајќи со 35:25 и успеа теоретски да ги задржи шансите за плеј-оф.