Во плеј-аут разигрувањето во Супер лигата, Јуниор Кисела Вода денес за противник го имаше помладениот тим на Астраион од Струмица и забележа убедлива победа со високи 36:23.
Гостинската екипа добро се држеше во првиот дел и заостануваше на еден до два гола негатива. Ракометарите на Јуниор КВ со серија од неколку гола во последните минути од првиот дел го зголемија водството и заминаа на полувреме со предност од 15:11.
Избраниците на Ристо Магдинчев со головите на Гичев, Мршуља и Пешкирски ги поставија највисоките седум гола разлика, 18:11, во текот на вториот дел. Грешките во составот на Астраион се зголемуваа, а со нивното зголемување растеше и разликата на спротивната страна. При истекот на 40. минута, Пешкирски зголеми на плус девет, 23:14. До крајот домаќините искористија се што можеше да се искористи на теренот и прославија висока победа.
Во следното коло, Јуниор КВ силите ќе ги одмери со Младост, додека Астраион на домашен терен ќе игра со Радовиш.