Дуелот од 13. коло од Првата лига помеѓу Куманово и Јуниор Кисела Вода заврши со нерешен исход 23:23. На крајот и двете екипи запишаа по еден бод од кој понезадоволни се гостите кои го губат чекорот во борбата за плеј-оф.
Куманово имаше добар почеток на мечот, поведе со 5:2 но гостите веднаш одговорија. Следуваше серија од 8:0 на Јуниор КВ со што го презмаа водството и до крајот на првиот дел успеаја да го задржат. На полувреме гостинскиот тим имаше 12:8.
Јуниор КВ не дозволуваше Куманово да го загрози нивното водство и во вториот дел, предността постојано беше на нивна страна сè до завршните минути од мечот. Сепак гостите не издржаа и Куманово успеа да израмни во самиот финиш.
Најефиксен во домашниот состав беше Стефан Кузмановски со пет погодоци, а во екипата на Јуниор Кисела Вода најпрецизен беше Кире Башевски со седум гола.
КУМАНОВО – ЈУНИОР КВ 23:23 (8:12)
Сала: Спортска Сала Куманво. Гледачи: 200. Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
КУМАНОВО: Клековски, Димитров 2, Кузмановски 5, Денковски 4, Цветковски, Димитриевски, Ивановски, Ацвски, Кимевски, Стошиќ 3, Стојмановски, Миладиновски 3, Тасевски 4, Даневски, Спасиќ, Божиновски.
Седмерци: 5/6. Исклучувања: 8 мин.
ЈУНИОР КВ: Костадиновски, Витанов 1, Благоптров 2, Крстевски, Чапов, Трајковски 6, Јаховиќ 4, Башевски 7, Крстов, Тодоров 3, Атанасовски, Трајчевски, Затарковски, Дабевски.
Седмерци: 6/6. Исклучувања: 14 мин.