Ракометарите на Јуниор Кисела Вода ја забележаа шестата победа во седмиот натпревар од Првата лига.
Еден од кандиидатите за плеј-оф, беше убедлив и со половина сили славеше против Кичево со 38-27.
Уште на стартот домашните поведоа со 10-4, па 11-5 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме. До крајот на полувремето избраниците на Игор Котевски обезбедија плус осум, 22-14.
Вториот дел беше само формално довршување на започното претходно и немаше никакви возбудувања на теренот. Во следното коло Јуниор КВ гостува кај Текстилец, а Кичево ќе го пречека Металург РА