Српскиот интернационалец Никола Митровиќ го заврши настапот во дресот на Јуниор Кисела Вода откако скопскиот клуб го суспендираше и ќе му го раскине договорот. Одлуката доаѓа по инцидентот во соблекувалната по мечот со Еурофарм Пелистер 2 меѓу него и соиграчот Горан Печенковски.
„Како клуб осудуваме секакво насилство и физичка употреба на сила. Точно е дека имаше инцидент по мечот Јуниор Кисела Вода и Еурофарм Пелистер. Веднаш му беше изречена мерка суспензија на Никола Митровиќ и тој е отстранет од тренинзите. Дисциплинската комисија на клубот ќе препорача и раскинување на договорот со играчот поради неговото однесување, а кое не во согласност со правилата на клубот, изјави Илија Чокрев, директорот на Јуниор Кисела Вода за 24ракомет.
Според информациите на 24ракомет, нетрпението меѓу двата играчи било видливо уште за време на натпреварот во саботата. По завршување на мечот Митровиќ откако влегол во соблекувалната одзади физички го нападнал соиграчот Горан Печенковски.
Овој добил неколку директни удари во главата по што паднал на подот. Некои од соиграчите се обиделе да го спречат Митровиќ во намерата да упати повеќе идари, но и тие биле немоќни.
Веднаш по нападот Митровиќ заминал од салата, а Печенковски ги информирал во клубот за инцидентот и повикал полиција кој го нотирала инцидентот.
Се степаа играчи на Јуниор Кисела Вода, полицијата интервенирала – клубот молчи