Тимот на Јуниор КВ избега од опасната зона за испаѓање во плејаутот откако во дрматична завршница го победи Прилеоп со 27-26 (16-12). Наместо мирна завршница откако на десет минути пред крај на мечот домашните водеа со „плус 5“ во последните секунди се тресеа дали ривалот ќе ја искористи шансата за реми. Имаше Прилеп 15-тина секунди да организираат напад, но на крајот ударот од 10 метри заврши во рацете на одличниот голман Димитар Бардакоски кој имаше двоцифрен број одбрани.
Сега на табелата во плејаут скопјани имаат 7 бода, и се на делба на 5 место заедно со Вардар Неготино (имаат меч помалку). Прилеп е третопласиран со 11 бода, зад Куманово и Голден Арт.
Четирипати во второто полувреме Јуниор КВ имаше „плус 5“ и требаше само да продолжи со истото темпо и да го заврши натпреварот на кој ќе освојат значајни три бода. Гостите поведоа само на почетокот со 1-0 и 2-1, а потоа скопјани имаа водство. Предноста од три гола на Јуниор КВ се стпки во 23 минута кога Прилеп израмни на 10-10.
Потоа следуваше можеби клучниот период во која голманот Багдакоски одбрани три топки, а Јуниор КВ пак зголеми на „плус 3“ за водство 13-10. На полувреме домашните водеа со 16-12 со голот на Димитар Ристоски во последната секунда.
Драмата на мечот дојде во последните пет минути кога Прилеп намали на 24-26, а потоа и 25-26 во 57 минута со контрата на Христи Бикоски. Гостите во 58 минута намалија на 26-27, и остнаа помалку од две минути за пресврт. И лесно можеше да дојде до тоа, бидејќи Јуниор КВ не постигна гол во три напади, а ниту Прилеп не беше доволно сконцентриран, па ниту тие не дадоа гола, особено што во 59 минута Реваз Чантурија од крило ја погоди стативата.
Кај домашниот тим Стефан Крстевски постигна 6 гола, еден помалку од Филип Фидановски. Кај Прилеп со 8 гола најпрецизен беше Кристи Бикоски, а седум даде Давор Шокоски.