Екипата на Јуниор Кисела вода дојде до нова победа во плеј-аутот од Супер машката лига, а денеска го совлада тимот на КЛ 7 со 43:37 со што се избори за нови три важни бодови.
Во текот на целата средба имаше надигрување, а нијанси беа во прашање околу тоа кој тим ќе може до триумф. Гостите беа во предност на почетокот од натпреварот и добри 15-20 минути го контролираа резултатот.
Сепак, како се доближуваше првото полувреме кон крајот стануваше јасно дека составот на Јуниор Кисела вода ќе се врати во игра и ќе направи пресврт. Ритамот на КЛ 7 беше во пад, а тоа овозможи составот од Кисела вода да се избори за предност од 22:20 на паузата.
Вториот дел мина со контрола на резултатот од страна на домашните. Ракометарите на Јуниор Кисела вода откако успеаја да дојдат до предност од шест гола при 34:28, до крајот во ниту еден момент не дозволија тимот на КЛ 7 да се доближи премногу.
Оваа средба мина во знакот на Игор Мршуља кој доминираше на теренот во нападот и беше нерешлива загатка на противникот. Успеа да дојде до 18 погодоци со кои практично го одведе својот тим до нова победа.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА