Вардар успеа да слави во Битола на тешкото гостување во жешката атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ со 26-23 и така „црвено-црните“ дојдоа на чекор од нова титула во домашното првенство.
Секако разочарувањето кај сите во таборот на битолскиот состав е огромно, а солзите на теренот не успеаа да ги сокријат Мирко Радовиќ и Немања Обрадовиќ.
Се надеваа и веруваа во Еурофарм Пелистер дека конечно после 17 години сезонава имаат прилика да ја вратат титулата во Битола, но за жал тоа не се случи…