Тимот на Веспрем во овие моменти игра натпревар од унгарскиот шампионат против составот на Ференцварош.
Стратегот Давид Дејвис во ростерот го има и македонското лево крило Дејан Манасков, кој стигна до убав јубилеј во дресот на гигантот.
Тој стигна до бројката од 400 постигнати погодоци, уште со првиот гол што го даде на средбата против Ференцварош.
Манасков трета сезона игра за Веспрем, а има договор со унгарскиот тим и за следната година.