Јохансон за македонската легенда: Лазаров е најдобриот на сите времиња (ФОТО)

Селекторот на Холандија, Пер Јохансон, на профилот на Инстаграм објави фотографија со македонската легенда Кире Лазаров.

„Лалињата“ ја совладаа Македонија со 30-15 и се пласираа во главната рунда на ЕП, а Јохансон вели дека средбата со Лазаров е перфектен крај на вечерта.

„Денот е комплетен по средбата со Кире Лазаров – најдобриот играч на сите времиња“, напиша Јохансон.

Шведскиот стратег ја однесе Холандија во главната рунда, а во третото коло против селекцијата на Франција, ќе се борат за првото место во групата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Per Johansson (@perglobe)