Вардар во својот деветти настап на Ф4 во СЕХА стигна до сребрениот трофеј и медал, но освои и една индивидуална награда. Ловро Јотиќ е дел од Ол стар тимот на овој Ф4 турнир.
Во финалето Веспрем победи со 35-27 (15-12) што е нивни трет триумф. Вардар останува најтрофеен со пет трофеи.
„Па генерално не сум многу задоволен, бидејќи тоа е индивидуална награда. Можевме и подобро секако. Игравме добро, додека се можеше, но на самиот почеток Веспрем направи голема предност. Тие имаат 16 играчи кои можат да играат било каде и на секоја позиција. Игравме и 7-6 нешто да смениме, но не успеавме.
Вардар имаше доста шанси кои не ги реализира, покажувајќи дека сепак на натпреварот доаѓаа во шанса да погодуваат. Но, на другата страна го имаше голманот Коралес, а и имаа доста технички грешки.
„Немаме многу проблеми со одбраната. Можеби тоа нема така да го видите вие, но вервајте повеќе проблем е со нападот. Имавме многу шанси што не го искористивме. Тоа треба да се подобри, вели Јотиќ.
Средниот бек им заблагодари и на играчите на Вардар кои во текот на сезоната се изборија за пласманот на овој Ф4 турнир.
„Им благодарам на сите играчи кои настапуваа за Вардар кои текот на сезоната и што овозможија да стигнеме до тука. Формата оди нагоре, и ќе бидеме подобри, вели Јотиќ.