Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ по една сезона во Еурофарм Пелистер, требаше да замине во португалската екипа Бенфика.
Но плановите се променија, па Јотиќ наместо од Битола во Лисабон, ќе се пресели во македонската престолнина и ќе го облече дресот на Вардар.
Десетина месеци во Битола беа доволни за Хрватот да „влезе“ во битолската шема и пиењето кафе на „Широк Сокак“.
„Тука се пие многу повеќе кафе отколку кај нас во Хрватска. Тука само седиш, пиеш кафе и трачариш…На Широк Сокак сите тераси се свртени кон улицата и сите луѓе гледаат, сите мора да видат кој поминал, како бил облечен. Се седи на кафе по три часа, а ако е убаво времето тогаш не можеш да најдеш место ни за лек“, вели Јотиќ.