Двајца ракометари кои играат за македонските тимови во СЕХА лигата после групната фаза се наоѓаат меѓу најдобрите тројца стрелци во натпреварувањето.
Далеку напред на листата е Валјупов од Мешков Брест кој имаше убедливо најдобра сезона од сите и играше најмногу така што и успеа да биде во најдобра позиција со 83 погодоци. Јотиќ и Дибиров го следат, но потоа доаѓаат неколку ракометари кои се во мала разлика така што е јасно дека и напролет битката за листата на стрелците ќе биде само за 2. позиција.
СЕХА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
83 – Никита Валјупов (Мешков Брест)
47 – Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)
46 – Тимур Диборов (Вардар)
45 – Виктор Матичиќ (Металопластика)
43 – Саша Баришиќ Јаман (Нексе)
42 – Милан Милиќ (Металоплстика)
39 – Дејан Бабиќ (Металопластика)
39 – Хавиер Муњоз Кабезон (Татран Прешов)
38 – Алекса Кљајиќ (Металопластика)
38 – Јовица Николиќ (Војводина)