Поранешниот македонски репрезентативец, а сега тренер на германскиот Ратинген – Ацо Јоновски, уште еднаш ја покажа својата хуманост.
По донацијата за опрема за струшките училишта, во соработка со челниците на неговиот клуб, донираше и во борбата против коронавирусот.
Јоновски донираше два респиратори кои ќе бидат користени за лекување во струшката болница.