Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ацо Јоновски кој е дел и од стручниот штаб на Македонија ќе остане на клупата на Интерактив.
Клубот информацијата ја потврди на својата официјална страница. Новиот договор на Јоновски е со важност до 2024 година.
„Среќни сме што Аце останува дел од нашето семејство. Тој е апсолутен ракометен експерт и соработката се гради на голема доверба. Сигурни сме дека со него ќе ги оствариме нашите цели. Одлично се вклопува во нашите замисли“, изјави извршниот диеректор на клубот Бастијан Шлиеркамп.
Задоволство од потпишувањето на договорот истакна и Јоновски.
„Тука во Интерактив имаме одличен проект во кој гледам добра преспектива. Во тимот владее чувство на заедништво и навистина уживам да работам, се радувам на соработката во следните години“, истакна Јоновски.
Tренерската кариера Јоновски ја почна токму во овој клуб како асистент, а од 2019 по завршувањето на кариерата стана и главен тренер.