Еурофарм Пелистер 2 е една од двете екипи што го победија шампионот Вардар на домашна сцена оваа сезона.
Тренерот на вториот битолски тим, Александар Јовиќ, го однесе клубот на европска сцена, односно во квалификациите за Лигата на Европа.
„Завршивме на таа четврта позиција која носи излез во Европа и сметам дека имаме многу успешна сезона со пласман на завршницатa на Купот на Македонија, изборивме излез и во Европа и мислам дека сме единствена екипа која успеа да го победи Вардар на домашен терен, покрај нашата прва екипа која славеше во Скопје. Голема благодарност до цела управа, до логистиката на клубот, до сите мои играчи, до стручниот штаб. Сметам дека јас сум малку тежок тренер за работа, но играчите ги исполнија сите задачи и за тоа им сум многу благодарен“, изјави Јовиќ.
Од вториот битолски тим си заминаа голманот Благојче Трајкоски и десното крило Милан Ѓукиќ, а договорот го продолжи десниот бек Павле Петровиќ.