Македонскиот првак Еурофарм Пелистер се најде во потешката група А во новата сезона од Лигата на шампионите.
Битолчани ќе играат против Кил, Келце, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Загреб и Колстад, а тренерот Александар Јовиќ вели дека прва мисија е да биде изграден компетитивен тим.
„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, вели Јовиќ.
Првиот натпревар во новата сезона од елитното натпреварување битолчани ќе го играат на домашен терен на 13/14 септември против Загреб.
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – ќе игра против Келце, Кил, ПСЖ, Загреб, Алборг…