Еурофарм Пелистер по 14. пат ќе игра во финалето на Купот на Македонија откако со 28-21 го победи Пролет. Битолчани немаа проблеми да дојдат до триумф. Беа поквалиттени и од самиот почеток го наметнаа ритамот и го контролираа резултатот.
Тренерот Александар Јовиќ реши да ги одмара искусните, а оние што добија шанса да играа покажа дека може да се смета на нив во иднина.
„Имавме релативно лесна ждрепка, играчите што беа истрошени со Вардар сега ги одморавме, и другите добија шанса, и добро одговорија на сите задачи. Секако дека за утрешното финале сметаме на сите и сите се подготвени за борба, вели Јовиќ по триумфот во Охрид.
Сега „на раат“ Јовиќ и неговиот колега Шундовски ќе го следат дуелот Вардар – Алкалоид и ќе ги запишуваат слабите страни на нивниот следен ривал.
„Спремни сме за двата ривали. Ќе биде убав меч. Вардар има поголеми шанси, бидејќи се поискуни на вакви мечеви. Но, не треба да го заборавиме ни Алкалоид, борбени се и динамични. Ќе го следиме мечот во Охрид, смета Јовиќ.
По 18 години Еурофарм Пелистер посакува да врати барем еден трофеј во Битола, но има шанса тоа да биде и двојна круна. За едниот го делат два дена, а за другиот две победи.
Еурофарм Пелистер по 14 пат ќе игра финале на Куп откако „лесно“ го реши Пролет