Ракометарите на Еурофарм Пелистер во среда ќе го одиграат вториот натпревар во Лигата на шампионите.
Втор ривал на битолчани ќе биде данскиот вицепрвак Алборг, кој во првото коло го изненади Келце.
Еурофарм Пелистер на почетокот на сезоната во елитата доживеа убедлив пораз од норвешкиот шампион Колстад.
Тренерот Александар Јовиќ ги сподели своите очекувања за дуелот против Алборг и најави максимална ангажираност на неговите избраници.
,,Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет”, изјави Јовиќ.
Дуелот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во среда (20 септември) со почеток од 20:45 часот.