Јованка Радичевиќ ќе ја преводи Црна Гора на 7 октомври во Скопје

Репрезентацијата на Македонија во рамките од ЕХФ Еуро купот ќе одигра двa натпревари против селекцијата на Црна Гора, a слекторот на Црногорките, Бојана Поповиќ го соопшти списокот на ракометарки за двата дуели кои се играат следната седмица.

Собирот на Црногорките е закажан за 4 октомври. За разлика од претходните собири и подготовки, на списокот ја нема поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Кликовац, која реши да се повлече од националниот дрес.

Поради повреда нема да настапат Ѓурѓина Јауковиќ и Катарина Џаферовиќ, а по подголго време во репрезентацијата повторно се најде Ѓурѓина Маловиќ од Тулон. Ново име во репрезентативниот состав е младата Тања Ашанин од Мошонмаѓаровар.

Од поискусните ракометарки кои беа дел од златната генерација на Црна Гора која го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон, како и златниот медал на Европското првенство во 2012 година, се поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, како и уште три нејзини колешки од тимот на на Кастамону, Мајда Мехмедовиќ,Марина Рајчиќ и Милена Раичевиќ.

Првиот натпревар против Македонија, Црна Гора ќе го одигра во Скопје на 7 октомври, додека вториот дуел ќе се одигра во Подгорица на 10 октомври.