Некогашната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, по крајот на Европското првенство, ќе стави крај на репрезентативната кариера.
Десното крило на Крим тоа го откри во изјава за црногорските медиуми и кажа дека одлуката не е донесена преку ноќ.
„Оваа одлука не ја донесов преку ноќ. Јас сум таква која го слуша своето срце за сите одлуки кои ги носи. Сега е моментот. Се уште играм на врвно ниво, но сакам таква да ме запаметат“ изјави Радичевиќ.
За Црна Гора, Радичевиќ досега одигра 185 натпревари, даде 1060 погодоци, а најголем успех и е златото од ЕП 2012 и среброто од ОИ 2012 година.