Македонската репрезентативка Јована Саздовска по само една година ќе го напушти поранешниот германски шампион Турингер.
Левото крило одигра одлично оваа сезона, особено на натпреварите во Бундес лигата, но и покрај тоа нема да го продолжи престојот во составот на Херберт Милер.
Некогашната ракометарка на Металург и Вардар, како и на романската Магура Чиснадие, наскоро ќе има нов тим.
До истекот на договорот, Саздовска ќе има шанса за титули во Бундес лигата и во Купот на Германија, а ќе играат и во четвртфиналето на ЕХФ Купот против хрватската Подравка.