Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска го одигра последниот натпревар за францускиот тим Ница.
Мицевска по пет сезони минати во Франција, ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во Романија.
Таа на мечот против Тулон, кој Ница го доби со 34-28, бранеше во дел од натпреварот и запиша седум одбрани.
Мицевска доби пригодни подароци од клубот и беше испратена на убав начин од клубот кој и беше втор во кариерата.