Левото крило Јована Живковска ќе остане во Куманово уште една сезона, откако ја продолжи соработката со нејзиниот матичен клуб.
Претходно раководството на Куманово ги обнови договорите со крилата Пена Граматова и Наташа Нолевска.
На тренерската позиција доаѓа Драгана Ристова, која ќе се обиде да го врати Куманово на македонскиот трон, а клубот се засили и со бекот Габриела Величковска.
Куманово се најде во групата А и ќе игра против Спартак, Скопје, Шампион, Гевгелија, Чаир, Вардар и Пелистер.
Поранешниот македонски првак ќе биде активен и на меѓународна сцена во Европскиот Куп каде ќе игра со израелскиот Макаби Аразим.