Тимот на Јехона од Гостивар донесе четири нови ракометари пред стартот на плеј-офот за бараж за Суперлигата.
Прволигашот ги засили редовите со пикерот Небојша Василевски, кој по настапите за Вардар 2, Македонија Ѓорче Петров, Аеродром и Младост Богданци, се враќа дома.
Дојде и левото крило Александар Стојчески, кој последно настапуваше за Јуниор Кисела Вода, претходно играше за Вардар, а имаше и интернационално искуство во Данска.
Другите двајца нови играчи во гостиварскиот состав се голманот Дарко Димитриески и левиот бек Филип Илиески, кои исто така се враќаат во матичниот клуб.
Јехона во плеј-офот за суперлигашкиот бараж ќе се бори со Вардар Неготино, Аеродром, Скопје, Металург РА, Делчево, Шампион и Куманово, а наптреварите ќе стартуваат во март.