Тимот на Јехона организираше пријателски турнир за кадетки, на кој покрај домаќинот учествуваа и екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Деспина.
Трофејот им припадна на домашните ракометарки, кои во финалниот меч славеа против Ѓорче Петров со 25-24, а во битката за третото место, Деспина победи со Вардар со 28-26.
Во првото полуфинале Јехона го елиминираше составот на Деспина од Прилеп, откако славеше со 22-18, додека во вториот полуфинален натпревар на турнирот, Ѓорче Петров го победи Вардар со шест гола разлика, 34-28.
МВП на овој турнир, односно најкорисна ракометарка беше Мила Николоска од домаќинот Јехона.
Награда за најдобар чувар на мрежата доби Симона Спироска од Деспина, додека најдобар стрелец на турнирот беше Леона Миленковска од Вардар.