Тимот на Јехона си замина со три бода од гостувањето во Скопје кај Шампион откако дојде до победа од 32:25.
Составот од Гостивар покажа мнгу повќе на тренот така што имаше постојана контрола на резултатот. Предноста обезбедена уште во првите 30 минути се покажа како доволна, па во вториот дел контролата беше целосна и немаше проблеми да се зачува до крај за триумф.
Шампион не можеше да следи, а и ростерот беше намален така што на овој дуел беше потпишана капитулација. Гостите, пак, со новата победа остануваат високо на табелата во Групата А од Првата машка лига така што е веќе извесно дека се на добар пат за место во плеј-офот.
ШАМПИОН – ЈЕХОНА 25:32 (9:13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.
ШАМПИОН: Сотировски, Апостоловски 6, Мирчески 3, Манојлоски, Дебрешлиоски 6, Жупаноски 5, Иванов, Буневски, Трајковски, Миловановиќ 2, Велјановски 3
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 2 мин.
ЈЕХОНА: Димитриески, Николоски 6, Живкоски2, Селмани 1, Кузмановски, Столески, Емини 4, Салиу 8, Јонузи, Стојаноски, Бошковски 5, Марковски 4, Груевски, Џафери 2, Стојаноски
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.