Прволигашот Јехона во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе влезе со поголеми амбиции од ланската сезона и ќе се обиде да обезбеди пласман во плеј-оф натпреварувањето.
Јехона пред стартот на Првата лига ангажираше неколку засилувања, кои треба да му помогнат на клубот од Гостивар во остварување на зацртаните цели.
Тимот на Фари Селмани ќе биде посилен со Дамјан Наумовски, кој редовите на Јехона ги засили од Металург РА. Битолчанецот во минатата сезона беше најдобар стрелец во прволигашката конкуренција.
Покрај Наумовски, во Јехона пристигна и Дарко Јанески и Благојче Илијески. Сите тројца ракометари веќе му се ставија на располагање на прволигашот од Гостивар.
Јехона за ривали во регуларниот дел од Првата лига ги има екипите на Драчево, Младост Богданци, Астраион, Шампион, Текстилец, Борец и Преспа Вардар.