Тимот на Партизан Гевгелија испушти победа на гостувањето во Гостивар кај составот на Јехона во натпревар кој заврши 34-34.
На последниот есенски дуел за двете екипи од групата 2 во Првата лига, гевгеличани ја диктираа играта и водеа со четири голови, но домашниот тим се избори за важен бод во битката за плеј-оф.
Партизан нема шанси за плеј-оф, но Јехона сега има 13 бодови на петтата позиција, а пред нив е Аеродром со 16.
До крајот на регуларниот дел има уште две кола, па гостиваскиот тим има шанси да стигне до место во разигрувањето за Суперлигата.