Во интересен натпревар со возбудлива завршница тимот на Јехона успеа да дојде до победа против Драчево од 32:31 и да ги зачува бодовите во Гостивар.
Тимот на Јехона успеа да го добие финишот кога имаше одлична игра. Претходно резултатот беше постојано неизвесен. Имаше разлика, но не така голема која би гарантирала мирна завршница.
Драчево се чинеше како да има контрола после првите 30 минути, но не одеше така добро во завршницата. Гостиварци најдоа противигра и успеаја да се изборат за добар резултат. При 30:30 следуваа два гола од домашните преку Емини и Бошковски, па гостите само намалија во последната минута така што немаше простор за нешто повеќе. Голманот на домашните, Павлоски имаше 16 интервенции.
На крајот бодовите останаа во Гостивар, додека Драчево ќе бара своја шанса на следните средби.
ЈЕХОНА – ДРАЧЕВО 32:31 (15:17)
Сала: „Ринија“ во Гостивар. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
ЈЕХОНА: Павлоски, Јонузи, Стојаноски, Николоски, Салиу 10, Бошковски 3, Ахмети, Марковски 6, Емини 8, Столески, Селмани, Живкоски 4, Геуевски, Стојаноски, Кузмановски, Давидоски 1
Седмерци: 7/9, Исклучувања: 12 мин.
ДРАЧЕВО: Кизиќ, Христов, Ангеловски, Ристовски, Димовски 1, Дабевски 9, Јаховиќ 2, Ангелов 7, Андовски 7, Матовски 1, Јорданов, Петковски 4.
Седмерци: 6/11, Исклучувања: 12 мин.