Екипата на Есбјерг од Данска објави дека нема да го продолжи договорот со актуелниот тренер Јеспер Јенсен.
Селекторот на Данска со Есбјерг има договор, кој е со важност до јуни, 2024 година.
Јенсен на кормилото на Есбјерг е од 2017 година и успеа со неговите избранички да направи одлични резултати на домашна и меѓународна сцена.
Есбјерг под негово водство три пати ја освои шампионската титула во Данска, потоа два пати беше победник во Купот на Данска и во сезона 2021/2022 играше на завршниот турнир во Лугата на шампионите.
Искусниот тренер од 2020 година ја предводи и женската сениорска репрезентација на Данска.