Европскиот шампион Вајперс Кристијансанд ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите, откако славеше против унгарскиот Ѓер во возбудлив натпревар со 37-35.
Кружниот напаѓач Катарина Јежиќ вели дека на вакви турнири секој може да победи секого и нема фаворити.
„Секој може да победи секого на Ф4. Нема фаворити и нема лузери. Мора да влезете со максимум во натпреварот, за да се чувствувате моќно. Тоа го направивме и потоа беше полесно. Да бевме малку попаметни противникот ќе го решевме многу порано и немаше да дозволиме драма на крајот. Не ни беше сеедно, еден или два гола разлика, беше стресно, но на крај се добро се заврши. Сеедно ми е против кој ќе играме во финалето“, изјави Јежиќ за 24Ракомет.
Во второто полуфинале во Будимпешта ќе играат унгарскиот Ференцварош и данскиот Есбјерг.
„Змиите“ ќе го бранат евро престолот, го треснаа Ѓер среде Унгарија!